речник контакт

Митинг За Подобра Македонија: в недела гласајте за дела

В Недела гласате за два концепта.Ние работиме во интерес на граѓаните наспроти тој на Црвенковски кој е негов личен рече Груевски

Петар Печков

 Вечерва Македонија ќе ја победи Белгија во фудбал а потоа в недела со гласовите на граѓаните на Македонија  ќе победиме на локалните избори.  Поминавме многу градови и населени места,  а нашите кандидати  дадоа отчет за сработеното . Но и најавија нови идеи, дела,  проекти со кои ќе се гордееме - рече  лидерот Кенан Хасипи  на Демократска партија на Турците во Република Македонија.

Коалицијата За подобра Македонија е победничка.  Направивме многу отстапки за да имаме партнери на изборите со кого ќе се натпреваруваме. Но ниту имаат идеја, ниту кандидати, ниту проекти  вредни за  победа. Да ги поразиме тие што предизвикуваат националистички чувства, тие што не делат. На Велес му треба брз економски развој и работни места. Затоа гласајте за Славчо Чадиев. Да не му дозволиме на Бранко Црвенковски да има лице да побара предвремени избори и затоа масовно излезете и гласајте за коалицијата  За подбора Македонија -  рече Павле Трајанов  претседателот на Демократскиот сојуз.

Велес во мрачниот транзиционен период ја доживеа мрачната судбина и го претворија во  град на сиромашни невработени граѓани. Тие останаа понижени, обесправени и ограбени од политиката на тогашната власт, која сега ни нуди неизвесна  иднина. Сите знаете колку пари оваа Влада дава пари на земјоделците, директна поддршка со која директно се помага на земјоделецот. Го зголемивме извозот на македонските земјоделски производи, ги опремивме со современи машини - рече Љупчо Димовски генерален секретар на Социјалистичка партија на Македонија

Ова е силата на коалицијата, ова се луѓето кои нудат подобар Велес.  Чесен  и одговорен однос, со отчет и дела кои стојат зад нас. ВМРО-ДПМНЕ остави големи дела не само во Македонија туку и во Велес.  Ние се разликуваме по сработеното , и  нашето е далеку повеќе и подобро од тоа што Коцевски и СДСМ  го сработи за девет години. Ние создаваме дела и решивме проблеми а не шминка кои се оставени од опозицијата. Тие забораваа на ветувањата кога ја добива власта, ние ги исполнуваме тука е разликата меѓу нас. СДСМ ветува, ветува и заборава а ние ветуваме и ги остваруваме и нашите и нивните.  Ние сме парија која создава дела и развој. Нудиме проекти кои значат развој на Велес, создавање на нови дела - рече Александар Колев носител на советничката листа.

Ова е народ, ова е поддршка за напорната работа и вложувањата. Среќен сум што велешани препознаа дела и избираат работници и избираат напредок и победнички тим на ВМРО-ДПМНЕ. Не покажуваме сила, туку единство. Во Велес нема да поминат црните сценарија на СДСМ. Ова е љубов кон својот град, кон својата земја.  Велешани се обединија против човекот кој потроши девет години со шминка на главната улица и сега тој трча и бара да биде повторно градоначалник. Ветувам економска преродба на градот кој ќе биде наша гордост – рече Славчо Чадиев кандидат за градоначалник.

       

Славчо Чадиев добро го познавате, динамичен, енергичен човек, кој можете да го видите секаде и со секого, каде што треба и со секого да разговара, дел од народот и со народот. Тој ќе биде народен градоначалник. Човек од збор, кој не бега од луѓето и да го исполни тоа што ќе го вети.  И затоа тој ќе победи в недела. Тука морам да му се заблагодарам и на досегашниот прв човек на Велес Горан Петров, кој даде максимум во своето работење, и покрај светската економска криза и европската должничка криза. Тој создаде повеќе дела по кои ќе го памтат велешани. Чадиев е неуморен и тоа го покажа во минатото. Тој  работи по востановените принципи на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа ќе вреднувате  в недела. Изминатиот период кажавме што ќе работиме и ние и  нашите противници. В недела ќе гласате за два спротивставени концепти, со што единствено се согласуваме со Црвенковски. Ние работиме во интерес на граѓаните наспроти тој на Црвенковски  кој е негов личен. Ако згрешиме тоа го признаваме, ама СДСМ никогаш тоа не го сториле. Затоа ние брзо одиме напред. Двосменски работиме, посветено до крајна граница а од друга страна кога се на власт толку левтерно работат што е несфатливо. Не ни треба човек кој е затворен сам за себе како Коцевски, ни треба енергичен, динамичен работник, отворен како што е Чадиев, затоа в недела гласајте за него   - рече Никола Груевски лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 платен политички простор

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »